CGMS е систем за континуирано мерење и мониторинг на нивото на шеќер во крвта и е најнапредната метода за контрола и управување со дијабетесот во светот!
Истиот се состои од три компоненти - сензор со уред за апликација, предавател и приемник каде улогата на приемник може да ја врши секој смарт телефон.
Системот за континуирано следење на гликозата (CGMS) Ви овозможува:
- Информација за нивото на гликоза во крвта во секое време од денот
- Можност да ги извршувате Вашите секојдневни работни обврски како и да бидете физички активни, притоа во секој момент да имате информација за состојбата со нивото на гликоза;
- Бидете информирани за тоа како и дали одредена храна или лекарства делуваат на Вашето ниво на шеќер во крвта;
- Обезбедете мирен сон – системот веднаш ќе пријави и алармира доколку настанало отстапување на нивото на гликоза со цел брзо превземање на соодветни мерки;
- Минимизирање на ризикот од компликации поврзани со дијабетес: проблеми со очите, крвните садови и нервниот систем;
- Минимизирање на ризиците при бременост и можните компликации по плодот;
Приемник на податоци е уред на кој корисникот ги следи податоците за нивото на гликоза во реално време. Наменет е за лица кои не поседуваат смарт телефон.
Секој смарт телефон, Аndroid или iOS со симнување на бесплатната апликација POCTech CGM од PlayStore односно AppStore може да се користи како приемник на податоци.
Доколку поседувате смарт телефон нема потреба да го набавувате приемникот на податоци!
Login To Comment