Препорачано за целосно празнење на цревата како подготовка за:
- радиолошки прегледи на гастроинтестинален и урогенитален тракт,
- сцинтиграфија на цело тело,
- ректоскопија и колоноскопија,
- хируршки зафати изведени под општа анестезија
- како помош при запек, акутен и хроничен.
Начин на употреба:
– Возрасни: 1 ден пред прегледите кои бараат целосно празнење на цревата, се пие целото шише одеднаш. Потоа наполнете го истото шише три пати последователно со вода и пијте.
– Деца: до 14 години треба да пијат 1 мл сируп на кг телесна тежина, а потоа тројно да ја зголемат количината на вода.
Запек:
– Возрасни: 3 мерни лажици (15мл) сируп и полна чаша вода, навечер по потреба.
– Деца: На возраст под 14 години треба да пијат 0,2 мл на кг телесна тежина, а потоа тројно количество вода.
Фортелакс не се користи во случаи кога има:
- интестинална опструкција, апендицитис или неодредени симптоми во абдоминалната област
- во случај на преосетливост на која било компонента вклучена во составот на сирупот.
Долготрајната употреба (месеци и години) може да доведе до дегенерација на миентеричниот плексус, атонија на дебелото црево и хипокалемија.
Едно шише содржи 50 g сахароза (шеќер).
Може да се дава на бремени жени и доилки, бидејќи концентрациите што минуваат во млекото не влијаат на доенчето.
Кај бебиња и мали деца, по земањето на Фортелакс, се препорачува чести менувања на пелени заради можна појава на осип.
Прекумерното внесување може да доведе до дијареа со поголема загуба на вода и електролити, особено калиум.
Состав:
5 ml сируп содржи 10 mg хидроксиатрацен гликозиди од листовите на сена
Помошни супстанции: метил пара-хидроксибензоат, пропил пара-хидроксибензоат, сахароза, етил алкохол, есенцијално масло од анасон, прочистена вода.
Складирање:
Се чува на собна температура (15 до 250C), заштитено од светлина, подалеку од дофат на деца.
Login To Comment