Verificiran badge
Online Shopping Mall - Macedonia, Kosovo and Albania

HEMERA Семе од бел трн 180gr

  • 12 In Stock

  • 0 Review(s)

Price :

9.71€

Product SKU: HEMR-1

Органски произведено и сертифицирано семе (плод) од бел или млечен трн по принципот „од нива до трпеза“ од еколошки чисти подрачја во Македонија Бел Трн Silybum Marianum со моќно хепатопротективно дејство (заштита на црниот дроб). Сомеленото семе е спакувано во кеси од 180 г кое е доволно за конзумација на семето во период од 30 последователни денови. Препорачано е да се користи 1 кафена лажица на ден. При посериозни состојби и заболувања на црниот дроб може да се користат и 2 кафени лажици на ден (1 наутро + 1 навечер) Семето од бел трн и активните супстанции не реагираат со храната и поради тоа може да се употребува со и без внес на храна. Може да се употреби како чај: 1 полна кафена лажица се попарува со 150 мл свежо зовриена вода и се остава да отстои 15-20 минути. Чајот може да се пие со или без талогот од семето. Може да се додаде во храна: јогурт, кисело млеко, млеко, мусли, салати, смути, овошни сокови и слично. Белиот трн (Silybum marianum L.) е билка со најголем број на релевантни студии за докажување на ефикасноста на дејството (PubMed над 1000 публикации). Семето од бел трн е најмоќен природен прочистувач на црниот дроб со силно хепатопротективно дејство. Семето од бел трн во зависност од квалитетот на производство може да содржи околу 6-10% силимарин. Силибинин (INN), исто така познат како силибин, е главната активна состојка на силимаринот, кој содржи мешавина на флавонолигнани на силибинин, изосилибинин, силицирин, силицидин и други. Самиот силибинин е мешавина од два дијастереомера, силибин А и силибин Б, во приближно еквимоларен однос. Мешавината покажува бројни фармаколошки ефекти, особено во црниот дроб, а постојат и клинички докази за употреба на силибининот како адјувантна терапија кај цироза на црниот дроб. Активните супстанции се состојат од околу 65-80% силимарин (комплекс флавононигнан) и 20-35% масни киселини, вклучувајќи линолеинска киселина. Силимарин е комплексна мешавина од полифенолни молекули, вклучувајќи и седум блиски поврзани флавононигнани (силибин А, силибин Б, изосилибин А, изосилибин Б, силихристин, изосилихристин, силидијанин) и еден флавоноид (таксифолин). Mелено семе за разлика од екстрактите од бел трн освен наведените активни супстанции ја содржи и маслената фаза. Во оваа фаза се наоѓаат токоферолни композиции (Е витамин масло) α и γ токоферол и истата е богата со есенцијални масни киселини. Природната маслена фаза на семето ја подобрува ресорптивноста и транспортот на активните супстанции со што се зголемува искористливоста на силимаринот. Со ова ефектите од користење на нашиот производ се далеку поголеми од комерцијалните производи во облик на таблети и капсули  кои имаат додадена маслена фаза која би го емитирала природниот Е витамин. ПРЕПОРАЧАНО ЗА: здрави лица за превенирање на состојби и болести на црн дроб; лица со зголемен внес на мрсна храна, алкохол и лекови; лица со замастен црн дроб; лица со инфективни и неинфективни хепатитиси, лица кои се на хронична терапија со хемиски лекови

Ratings & Reviews

0.0

No Review Found.


To Review


To Comment