Verificiran badge
Online Shopping Mall - Macedonia, Kosovo and Albania

ERBAGIL Procten крем 40ml

  • 2 In Stock

  • 0 Review(s)

Price :

15.05€

Product SKU: ERBGL-1

PROCTEN кремот со Ozoile создава заштитна бариера со ефект на фластер која е ефикасна во превенција и третман на фисури, хемороиди, хипертонус на сфинктер кој делува брзо против знаците и симптомите кои ги карактеризираат овие заболувања: иритации, чешање, печење, тенезмус, оксидативен стрес. PROCTEN кремот го стимулира заздравувањето на фисурите и лезиите, ја нормализира кожата и мукозните мембрани на аналната, перианалната и ендоректалната област и ја воспоставува нормалната физиологија. СОСТАВ OZOILE®(Стабилни озониди), Аргинин, екстракт од лисја на Ribes Nigrum, глициретинска киселина, Масло од лисја на Melaleuca Alternifolia, Натриум хијалуронат, Цера Алба. OZOILE® Дејствува на воспалението и чешањето, ја спречува хипоксијата, создава непријатна средина за пролиферација на патогените микроби. Ефикасен е против црвенило, чешање, печење, оток, десквамација и дегенеративни процеси. Го пренесува кислородот до ткивото, со што се подобрува реепителизацијата и заздравување на ткивата. Ги намалува оштетувањата од радијација. Хијалуронска киселина Допринесува во физичка заштита на ано-ректалната мукозна мембрана благодарение на нејзините вискоеластични особини. Ја подобрува хидратацијата и реепителизацијата. Глицеритинска киселина Ја смирува иритацијата, печењето и чешањето. Масло од лист на Melaleuca Alternifolia Го подобрува антиинфламаторното дејство на OZOILE®. Црна рибизла Венотонично и вазопротективно дејство. Аргинин Го намалува ендоаналниот притисок во мирување, преку дејство врз внатрешниот сфинктер, благодарение на неговото дејство како мускулен релаксант. Cera alba Филмогено средство, кое ја задржува влагата и обезбедува заштитна бариера против киселоста на фецесот, забрзувајќи ја реепителизацијата. ИНДИКАЦИИ За локална употреба на кожа и мукозни мембрани. За превенција и третман на фисури, хемороиди, хипертонус на сфинктер, анални, перианални и ендоректални заболувања, дополна во третман на хемороидална тромбоза. PROCTEN кремот со Ozoile создава заштитна бариера со ефект на фластер која ги подобрува физиолошките процеси на заздравување на фисурите и влијае брзо против хемороидален синдром. Исто така влијае на знаците и симптомите кои ги карактеризираат овие заболувања: лезии, улцерации, промена на бариерната функција предизвикана од патогени микроорганизми, иритации, чешање, печење, тенезмус, оксидативен стрес. Procten кремот создава лубрикантент заштитен филм против фекалната киселост, ја помага нормализацијата и реепителизацијата на мукозната мембрана. НАЧИН НА УПОТРЕБА Темелно исчистете ја погодената област со Идрозоил® разреден во вода и исушете. За анална и перианална употреба: ставете соодветна количина од производот на чисти прсти и нанесете на погодената област со нежна масажа. Измијте ги добро рацете и внимателно затворете ја тубата по употреба. Нанесувајте од кремот два пати дневно и после секоја евакуација се додека состојбата не се стави под контрола. Ендоректална примена: отстранете го капачето и ставете ја ендоректалната канила и стиснете се додека не излезе мала количина од кремот за да ја навлажните канилата пред нежно да се внесе во ректумот. Стиснете ја тубата се додека не се ослободи доволна количина од производот, со тоа што треба да оставите мала количина која ќе ја нанесете на надворешната област. Измијте ја канилата со Идрозоил® и исплакнете со жешка вода. Чувајте ја канилата за понатамошна употреба. Нанесете од производот двапати дневно и по секоја евакуација се додека состојбата не се стави под контрола. Времетраењето на третманот зависи од состојбата која се третира и терапевтскиот одговор. ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ За надворешна употреба. Да не се голта. Да се чува подалеку од дофат на деца. Не користете го ако се чини дека пакувањето е оштетено. Не го користете овој производ по датумот на истекување. Датумот на истек на рок се однесува на неотворен и соодветно чуван производ. Нема случаи на сензибилизација или несакани ефекти, доколку се појави овој феномен, прекинете ја употребата и консултирајте се со Вашиот лекар. Производот може да се користи за време на бременоста, бидејќи не покажа мутагена активност. Измијте ги рацете добро пред употреба на медицинското помагало. Цврсто затворете ја тубата по употреба, Чувајте го производот на ладно, суво место далеку од извор на топлина и од изложување на сончева светлина. Да се чува на температура од 5°С до 35°С. Измијте ги добро рацете пред употреба на ова помагало. Внимателно затворете ја тубата по секоја употреба. По отворањето, се препорачува да се користи во рок од 6 месеци. PROCTEN кремот добро се толерира. Нема познати случаи за пречувствителност и несакани дејства. Доколку се појават несакани ефекти се препорачува да се прекине со третманот и да се консултира лекар. PROCTEN кремот нема мутагено дејство и може да се користи во бременост. ПАКУВАЊЕ 40ml туба ПРОИЗВОДИТЕЛ: Erbagil s.r.l. – Via L. Settembrini, 13 Telese Terme (Bn) – Италија УВОЗНИК: Македонијалек ДОО, ул. Боца Иванова бр.1 Скопје ВУОВ10092021

Ratings & Reviews

0.0

No Review Found.


To Review


To Comment